Дома Фудбал Останато УЕФА отвори истрага во Србија за два наместени натпревари

УЕФА отвори истрага во Србија за два наместени натпревари

Фудбалската федерација на Србија потврди дека во тек е истрага за можно местење на резултати на два натпревара во домашното првенство, по информации добиени од Европската куќа на фудбалот.

Телевизијата „Спорт Клуб“ објави претходно дека УЕФА доставила до ФСС обемен материјал, поткрепен со сериозни сомневања дека бил наместен исходот на два натпревара од тековната сезона во српското првенство.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


УЕФА забележала сомнителни уплати во Европа и Азија, а на една од двете уплати бил и конечен резултат.

Случајот во моментов го води Фудбалскиот сојуз на Србија, со помош од УЕФА, а Дисциплинската комисија треба да донесе конечна казна за тимовите.

Казни за клубовите може да бидат од парични до одземање на бодови, додека на фудбалерите им следи суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…