Дома Фудбал Останато УЕФА ги соопшти казните за 9-те клуба кои излегоа од Суперлигата

УЕФА ги соопшти казните за 9-те клуба кои излегоа од Суперлигата

Девет европски клубови кои излегоа од Суперлигата денес се договорија со УЕФА за казната поради формирањето на ова натпреварување.

12 европски клубови креираа ново натпреварување, Суперлига, кое предизвика вистински хаос во европскиот фудбал, па траеше само 48 часа.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најпрво шестте англиски клуба излегоа од Суперлигата, а тој пример го следеа уште Интер, Атлетико Мадрид и Милан.

Реал Мадрид, Јувентус и Барселона не сакаа да се повлечат од Суперлигата и најавија тужби за клубовите кои излегоа.

Денес тие девет клубови се договорија со УЕФА за казните кои ќе ги добијат за непромислениот потег.

Имено, одлучено е дека на овие клубови ќе им биде одземено 5% од приходот кој ќе го остварат следната сезона во европските натпреварувања. Притоа заедно ќе соберат сума од 15 милиони евра која ќе биде донирана.

Исто така овие девет клуба потпишаа договор да бидат казнети со 100 милиони евра доколку се приклучат на било кое натпреварување кое не е под капата на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фонсека незадоволен од тимот: Ако треба и младинците ќе играат

Милан со многу среќа ја совлада Црвена Звезда и дојде до добра позиција кога е во прашање …