Дома Фудбал Останато УЕФА ги објави номинираните за Фудбалер и Тренер на годината

УЕФА ги објави номинираните за Фудбалер и Тренер на годината

УЕФА ги објави имињата на тројцата номинирани фудбалери кои ќе се борат за наградата Фудбалер на годината.

Тоа се ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујн и двајцата играчи за врска на Челзи, Нголо Канте и Жоржињо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Последниот стана и европски шампион со Италија на ЕП, па важи за фаворит за наградата која ќе се додели на 26-ти август.

Имињата на номинираните се избрани после гласање на жири составено од селекторите на 24-те репрезентации кои учествуваа на ЕП, како и 55 новинари од сите држави членки на УЕФА.

Што се однесува кај тренерите за наградата ќе се борат Пеп Гвардиола, Роберто Манчини и Томас Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѓокереш пристигна да биде големо засилување, а неговиот настап беше – еден од најлошите во историјата на Премиер лигата!

Првото коло од англиската Премиер лига се одржа на Олд Трафорд, каде што силите ги одмериј…