Дома Останати Тенис Убедлива победа на Калин против Пејчковски за пласман во четвртфинале

Убедлива победа на Калин против Пејчковски за пласман во четвртфинале

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски стигна до нов триумф на турнирот во Тунис откако денес со убедлива игра и 2:0 во сетови беше подобар од Олаф Пејчковски.

Ивановски до победата дојде така што загуби само три гема од полскиот тенисер (6:2 и 6:1) и уште еднаш покажа дека игра во одлична форма.

Противник на Калин во четвртфиналето ќе му биде Французинот Артур Букуле.

Ова е втор турнир за Ивановски во краток период во Тунис откако во неделата играше финале во кое беше поразен во три сета (1:2). Сега на овој турнир е прв носител и фаворит за освојување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ниту две сет-топки не помогнаа: Меѓедовиќ заглави во серија од седум порази

Хамад Меѓедовиќ загуби од Брендон Накашима во Лион и остана без АТП-победа повеќе од четир…