Дома Фудбал Англија Уапсен Уго Лорис!

Уапсен Уго Лорис!

Голманот на Тотенхем и француската репрезентација уапсен е утрово во Лондон.

Одличниот голман на „спарси“ во раните утрински часови бил запрен од страна на полицијата и бил уапсен откако било утврдено дека возел во алкохолозорана состојба.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меѓутоа Лорис набрзо бил пуштен, но го чека обвинение за возење под влијание на алкохол и извесно е дека одредено време ќе остане без возачка дозвола.

„Уго Лорис е обвинет за возење во пијана состојба во раните утрински часови во петок. Неговото сослушување е закажано за вторник 11 септември“, стои во соопштението.

За среќа наредниот меч Тотенхем го игра дури во понеделник на „Олф Трафорд“, па до тогаш ќе има доволно време да се отрезни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) „Мама Миа“: Италијаните не можат да поверуваат што направи Лука Модриќ синоќа на „Сан Сиро“

Милан синоќа на своето поле ја победи Рома со минимални 1:0 во дербито на десетото коло од…