Менаџерот на Челзи, Томас Тухел е против трансферот на Кристиано Роналдо на „Стемфорд бриџ“.
Медиумите во Англија тврдат германскиот стратег има поинакви планови за нападот на „сините“ и тие не го вклучуваат Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тухел сака да ги има Рахим Стерлинг, Рафиња и Каи Хаверц како „лажна деветка“, бидејќи смета дека тоа е идеално напаѓачко трио.
Роналдо е на праг да го напушти Манчестер Јунајтед и бара нов тим за следната сезона, а приоритет имаат екипите кои се дел од Лигата на шампиони.
Роналдо е желба на новиот сопственик на Челси, Тод Боели, кој во Португалецот гледа сопствен маркетиншки потег, но Тухел се противи на таквата идеја.