Дома Трансфер зона Тухел го донесе како големо засилување, Потер го брка во јануари

Тухел го донесе како големо засилување, Потер го брка во јануари

Челзи ќе се обиде да ја прекине позајмицата на Денис Закарија уште во јануари, пренесуваат медиумите на Островот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


25-годишниот играч за врска пристигна на „Стенфорд Бриџ“ од Јувентус во последните денови од преодниот рок и тоа по желба на Томас Тухел.

Англиските медиуми пишуваат дека Закарија нема да остане во Челзи затоа што не бил во плановите на Потер, кој сака да ја прекине позајмицата уште во јануари.

Закарија има договор со Јувентус до 2026 година, но ќе мора да бара друг клуб бидејќи за него нема место во тимот на Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…