Дома Фудбал Италија Тренинзите во Серија А продолжуваат на 4 мај, Интер и Јуве ги повикаа играчите да се вратат во Италија

Тренинзите во Серија А продолжуваат на 4 мај, Интер и Јуве ги повикаа играчите да се вратат во Италија

„Газета Дело Спорт“ пренесува дека можно е на 4 мај да им биде дадена дозвола на италијанските клубовите да започнат со тренинзи под посебни мерки и услови.

Најоптимистичкиот датум е 24 мај, следните два се 31 мај и 7 јуни. Сезоната откако ќе почне би завршила за шест и пол недели, така што ќе се игра два пати неделно.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Најавен е нов состанок кој ќе се одржи до крајот на оваа седмици по кој ќе бидат познати повеќе детали околу мерките и шансата за враќање на играчите во тренинг центрите на клубовите.

Во меѓувреме Јувентус и Интер ги повикаа играчите кои ја напуштиле Италија да се вратат со оглед на фактот дека откако ќе се вратат ќе бидат 14 дена во карантин.

Во Јувентус готово сите странци ја напуштија Италија, додека кај Интер во Милано се единствено Кристиан Ериксен и Ешли Јанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нема повеќе дилеми: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Откако во неделата вечерта со Португалија ја освои Лигата на нациите, Кристијано Роналдо п…