Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим се заканил со отказ доколку клубот го ангажира Кристиано Роналдо без негова согласност, тврдат англиските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот е против ангажман на 37-годишниот напаѓач и е подготвен дури и да си замине доколку пристигне Португалецот.




„Не можам да гарантирам ништо. Роналдо е играч на Манчестер Јунајтед и мислам дека ќе продолжи да биде“, кратко изјави Аморим.




Португалецот има 37 години и знае дека има се помалку време за соборување и „подобрување“ на своите рекорди во Лигата на шампионите.




Поради тоа инсистира да се пресели во клуб кој игра во ЛШ, но не му остануваат многу опции, а медиумите тврдат дека Спортинг е спремен да ја искористи таквата ситуација.
Во моментов Роналдо е најблиску до Наполи, но и таму шансата за договор не е изгледна.