Дома Фудбал Требаше ли да се признае ремек-делото на Модриќ? Севиља тврдат дека биле оштетени

Требаше ли да се признае ремек-делото на Модриќ? Севиља тврдат дека биле оштетени

ЛУКА МОДРИЌ влезе во игра во 75. минута од мечот против Севиља, а само шест минути подоцна го реши прашањето за победникот од мечот на „Сантијаго Бернабеу“ со својот втор гол сезонава.

Реал Мадрид со неговиот гол победи со 1:0, но фудбалерите на поразениот тим сметаат дека биле оштетени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во првите коментари по натпреварот, десниот бек на Севиља, Хесус Навас изјави дека неговиот тим е оштетен бидејќи на голот на Модриќ му претходела офсајд позиција. Според него, Антонио Рудигер бил во нелегална позиција. Мислењето на судијата беше дека Германецот не влијаел на играта. Навас не се согласува со тоа.

„Се боревме, но на крајот победија. Мислам дека голот беше постигнат од акција во која не бешe досуден офсајд. Акцијата беше брза, а еден играч на Реал беше во недозволена позиција“, изјави фудбалерот на Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Српски коментатор за успехот на БиХ: Љубоморен сум, ги исфрлија Србите и сега гинат за репрезентацијата (Видео)

Српските спортски коментатори Небојша Вишковиќ и Гојко Андријашевиќ во својот подкаст „Wis…