Дома Топ вести Трансфер „бомба“ во најава: Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид

Трансфер „бомба“ во најава: Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид

Кристиано Роналдо стекна легендарен статус во Реал Мадрид, а пред две години го изненади фудбалскиот свет кога одличи да се пресели во Јувентус.

Синоќа Португалецот за прв пат се врати на „Сантиаго Бернабеу“ за да го подри својот поранешен клуб од трибините во „Ел Класико“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Денес се огласи и шпанскиот новинар и добар пријател на Роналдо, Еду Агире, кој тврди дека разговарал со Португалецот.

Агире објави дека Роналдо бил среќен што успеал да дојде на „Сантијаго Бернабеу“ да го гледа Реал, па наводно му кажал дека има желба да се врати во „кралскиот“ клуб.

„Со сигурност знам дека Кристиано сака да се врати во Реал Мадрид. Ја почувствува љубовата на целиот Мадрид кога се врати на Бернабеу, беше возбуден. Сега целосно е фокусиран на Јувентус, на Лигата на шампиони. Среќен е во Торино, но во фудбалот, никогаш не вели никогаш. Не знам што ќе се случи во иднина, никој не знае“, изјави Еду Агире.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…