Ромелу Лукаку денес после долгите преговори помеѓу Интер и Манчестер Јунајтед и официјално стана фудбалер на „нероаѕурите“.
Лукаку е најскапото засилување во историјата на Интер и платен е 65 милиони евра плус 10 преку бонуси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белгиецот потпиша договор на пет години и ќе заработува седум милиони евра по сезона.
Во Јунајтед Лукаку на 96 натпревари постигна 42 гола и си заминува само две години откако клубот од „Олд Трафорд“ за него лати 75 милиони фунти на Евертон.
Тој е трето најскапо засилување во Серија А после Кристиано Роналдо (99.2 милиони евра) и Гонзало Игуаин (75.3 милиони).
„Интер беше единствениот клуб во кој сакав да играм затоа што Интер не е за секого. Тука сум да ги вратам „нероаѕурите“ на врвот“.
Во минатата сезона за Манчестер Јунајтед постигна 15 голови на 45 натпревари.