Дома Топ вести Трансферот договорен: Познато кога Ериксен ќе биде промовиран во „крал“

Трансферот договорен: Познато кога Ериксен ќе биде промовиран во „крал“

Шпанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Реал Мадрид го договорил трансферот на ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен.

Познатата спортска емисија „Ел Чирингуито“ откри дека данскиот репрезентативец ќе биде претставен како ново засилување на Реал Мадрид само еден ден по финалето во Лигата на шампиони, а денес стигна потврда и од сите еминентни медиуми во Шпанија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ериксен влегува во последната година од договорот и одби да ја продолжи соработката со „спарси“ бидејќи сака нов предизвик во кариерата.

Поради тоа Тотенхем мораше да се согласи на негова продажба, а медиумите тврдат дека постигнале комплетен договор со Реал Мадрид.

Имено, „кралевите“ за потписот на Ериксен ќе платат 100 милиони евра, а Данецот ќе потпише 4-годишен договор.

Се очекува само да се одигра финалето во ЛШ, па уште следниот ден Реал ќе ја официјализира новата голема аквизиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…