Хатем бен Арфа ова лето пристигна како големо засилување во ПСЖ,, но само после 6 месеци ќе го напушти „Паркот на принцовите“.
Француските медиуми пренесуваат дека офанзивниот фудбалер од јануари ќе се пресели во Турција и ќе го облече дресот на Фенербахче.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Станува збор за позајмица до крајот на сезоната, а ПСЖ и турнскиот гигнат ги договорија сите услови па трансферот ќе се официјализира кога ќе се отвори преодниот рок.
Овој 29-годишен фудбар минатата сезона блесна во дресот на Ница и го бараа многу клубови ширум Европа, но тој се одлучи за ПСЖ каде не добива голема минутажа.