Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 9ти јануари: Икарди му кажал „НЕ“ на Интер, Челзи има нова мета од 50 милиони фунти!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 9ти јануари: Икарди му кажал „НЕ“ на Интер, Челзи има нова мета од 50 милиони фунти!

0

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот Спортски.мк ќе биде тука да ве известува за сите трансфери, гласини и шпекулации ширум светот! Следете не и БИДЕТЕ ВО ТЕК!

– Тука можете да се потсетите што вчера се случува на трансфер пазарот. (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: Еден потврден трансфер имавме уште утрово – Бенџамин Павар на лето ќе стане играч на Баерн Минхен! (ОВДЕ)

– Англиски „Сан“ тврди дека Гонзало Игуаин наскоро ќе ја комплетира позајмицата во Челзи. (ОВДЕ)

– Сензацинална вест пристигнува од Островот: Според обложувалниците Манчестер Јунајтед е фаворит за доведување на Фелипе Кутињо!

Гатузо го стопирал трансферот на Хакан Чалханоглу (ОВДЕ)

Марко Пјаца кој е на позајмица од Јувентус во Фиорентина, би можел да заврши во Парма.

– Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид ќе се вклучи во трката за стоперот Ектор Милитао кој експлодираше на „Драгао“! Неговата цена изнесува 50 милиони евра (ОВДЕ)

–  Баерн Минхен кој го потврди трансферот на Павар се обидува да го доведе и одличниот фудбалер на Челзи Калум Хадсон Одои. Баварците испраќаа четири понуди на адреса на „сините“ последната изнесуваше 40 милиони евра. Се шпекулира дека на Одои му бил понуден и дресот со број десет кој ќе биде слободен кога клубот ќе го напушти Робен.

– Понуда за Димитри Паје! Кинескиот клуб Далијан е подготвен на Марсеј да му плати 30 милиони евра за Паје. Францускиот клуб наводно сака да се ослободи од фудбалерот поради неговата висока плата.

– Заврши приказната за Мичу Батшуаи во Валенсија. Наводно тренерот Марселињо му соопштил на Белгиецот дека повеќе не смета на него и позајмицата од Челзи ќе биде прекината по што тој ќе се врати во Лондон.

– Според дел од италијанските медиуми Калид Кулибали побарал трансфер од Наполи. За него интересе во минатиот период најмногу покажуваше Манчестер Јунајтед. Јасно е дека ако Кулибали заминува од Неапол ќе видиме нов светски рекорд кога во прашање се дефанзивците.

– Борусија Дортмунд започнала преговори со Торган Азар! Овој фудбалер би требало да биде замената за Кристијан Пулишиќ. Медиумите споменуваат сума од 42 милиони евра.

Maуро Икарди задоцнил со пристигнувањето во Италија поради проблеми со летотот. Во Интер сметаат дека тоа можело да се предвиди па го казниле капитенот. Италијанските медиуми тврдат дека ова може да се одрази на преговорите за новиот договор. (ОВДЕ)

– БОМБА ОД СОСЕДСТВОТО: Реал Мадрид тргнува по Лука Јовиќ! (ОВДЕ)

– Готово: Габриел Барбоса – Габигол е нов фудбалер на Фламенго. Бразилецот е испратен на позајмица од една година.

– Спортинг Лисабон наводно покажал интерес да го позајми на 18 месеци младиот талент на Ливерпул Рафаел Камачо. Камачо настапи за Ливерпул во ФА Купот против Вулвс, натпревар во кој „црвените“ претпеа пораз од 2:1.

– Шпанците тврдат дека Барселона не знае што да прави со Малком. Каталонците би го продале, но официјални понуди освен од Кина нема.

– Стоперот на Ајакс, Матијас Де Лихт потврди дека нема никакви шанси да го напушти холандскиот клуб во овој преоден рок.

– Фиорентина одби да преговара со Манчестер Јунајтед за Никола Миленковиќ. (ОВДЕ)

– Aнглиски „Мирор“ тврди дека Денис Суарез побарал од Барселона да дозволи да направи трансфер во Арсенал.

Јан Облак за својата иднина:

„Минатото лето одлучив да останам во Атлетико. Не започнав преговори со ниту еден клуб Сепак, во фудбалот работите се менуваат многу брзо. Веќе е јануари, брзо ќе стигне и јуни, работите може да се променат многу брзо, во еден ден. Мора да признаам дека Премиер лигата е навистина интересна“.

– БОМБА: Икарди одлучил да не го продолжи договорот со Интер! (ОВДЕ)

– Вчера се појави вест дека трансфер на Фабрегас во Монако ќе пропадне. Денес пристигнуваат подетални информации. Фабрегас ги поминал прегледите, но проблем прави Челзи. (ОВДЕ) 

Марио Балотели беше блиску до трансфер во Марсеј, но сега работите се променети и во трката за неговиот потпис влегуваат калчолигашите Парма и Сасуоло. (ОВДЕ)

– Челзи наводно спремил 50 милиони евра за Калум Вилсон од Бурнемоут, но само ако пропадне трансферот на Игуаин. Сари инсистира на доведување на аргентинскиот голгетер. (ОВДЕ)

– ВАНДА ПОТВРДИ: Далеку сме од договор со Интер! (OВДЕ) 

– Според информациите Јаник Караско има огромна желба да се врати во Европа и спремен е да прифати и намалување на платата за таа цел. Во овој момент во игра за неговиот потпис се Арсенал и Манчестер Јунајтед. Милан изгледа отпадна од трката. (ОВДЕ)

Лотито: Минатото лето одбив 160 милиони евра за Сергеј Милинковиќ Савиќ оваа понуда би ја прифатил секој друг претседател. Со тоа јасно покажав какви се моите амбиции.

– Трансферот на Игуаин во Челзи е комплициран, но постојат две сценарија како тој да се реализира (ОВДЕ).

-Атлетико Мадрид се вклучи во трката за потписот на Мората. Дали напаѓачот ќе го изневери својот матичен клуб Реал Мадрид (ОВДЕ).

-Вест Хем доби понуда која не се одбива, Арнаутовиќ на пат за Кина (ОВДЕ)

-Ново име за нападот на Милан. „Скај Италија“ пренесува дека „росонерите“ се заинтересирани за крилниот напаѓач на Севиља, Квинсли Промес.

-Потврда од Дортмунд – Тимо Вернер од наредната сезона ќе игра за Баерн Минхен (ОВДЕ)

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ОФИЦИЈАЛНО: ФИФА го избра Меси за најдобар!

Денеска се одржа церемонијата за доделување на наградата на ФИФА за најдобар фудаблер во с…