Дома Трансфер зона Ја изненади цела Европа кога ја избра Кина, сега сака да се врати и за помала плата

Ја изненади цела Европа кога ја избра Кина, сега сака да се врати и за помала плата

carasco

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Јаник Караско судејќи според се после само една година ќе го напушти кинескиот Далијан Јиафанг и ќе се врати во Европа.

Караско во јануари минатата година ја изненади фудбалската јавност кога одлучи да го напушти Атлетико Мадрид и кариерата да ја продолжи во Кина иако има само 25 години, првата година за Караско не беше баш година за паметење и постигна скромни седум погодоци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Очигледно Белгиецот не е задоволен од ситуацијата во Кина и неодамна призна дека му недостасува фудбалот на највисоко ниво во Европа. Англиските медиуми објавија пред неколку дена дека постои голема можност да го гледаме во Премиер лигата.

Иако претходно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, сега се појави вест дека Арсенал е вклучил во трката за неговиот потпис.

Белгиецот во Кина заработува околу девет милиони евра што е проблем во преговорите бидејќи тешко дека некој клуб ќе се согласи да му ја исплаќа истата плата. Но, како што пишува „Мирор“ фудбалерот е спремен и на намалување на платата за да се врати во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…