Дома Фудбал Англија Игуаин се договори со Челси, денеска пристигнува на Стемфорд Бриџ

Игуаин се договори со Челси, денеска пристигнува на Стемфорд Бриџ

Како што пренесуваа утрово медиумите од Италија и Англија, Гонзало Игуаин ги договорил личните услови со Челси и во текот на денот треба да стане нов играч на Сините.

Наводно, Челси и Милан се договориле да го преземат заемот на Игуаин од Јуве со обврска по крајот на сезоната да го откупат неговиот договор за 32 милиони евра.

Истите извори пренесуваат дека Игуаин и Челси ја договориле соработка за 140.000 фунти неделна заработка.

Игуаин и претходно соработуваше со Сари во Наполи, кој во сезоната 2015/16  со 36 погодоци го постиви рекордот за најмногу голови во една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ламин Јамал го сруши рекордот на Винисиус

Ламин Јамал го избра стадионот на Севилја за да додаде ново импресивно достигнување во нег…