Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јунајтед најде замена за Лукаку, Елмас лета за Италија, Милан купува „јорганџија“

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јунајтед најде замена за Лукаку, Елмас лета за Италија, Милан купува „јорганџија“

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер пазарот – сите трансфер информации на едно место!

Нејмар се уште е главна тема на трансфер пазарот. Барселона работи на негово враќање на „Камп Ноу“, но од ПСЖ тврдат дека се уште нема конкурентни понуди за Бразилецот (ОВДЕ).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ГОТОВО: Елиф Елмас утрово го напушти тренинг центарот на Фенербахче и ќе патува во Италија на лекарски прегледи (ОВДЕ).

-ПАДНА ДОГОВОР: Милан и Монако се договорија за трансфер на напаѓачот Андре Силва во „кнежевството“ за 30 милиони евра (ОВДЕ).

-Се разгоре „ладната војна“ на релација Зидан – Бејл. Тренерот изјави дека Реал работи на трансфер на Велашанецот и дека најдобро за сите е тој што е можно побрзо да замине (ОВДЕ).

-Јувентус е спремен да го продаде младиот напаѓач Моис Кин за 30 милиони евра, но само со „бај-бек“ клаузула од 40 милиони евра.

-БОМБА: Милан постигна договор со ѕвездата на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа. Двата клуба во вторник ќе имаат средба да ги договорат деталите од трансферот (ОВДЕ).

Де Геа станува најскапиот голман во светот. Шпанецот ќе потпише 6-годишен договор со Манчестер Јунајтед според кој ќе заработи 110 милиони евра. (ОВДЕ).

-Поради потешкотиите да дојде до потписот на Хамес Родригез, Наполи ќе се насочи кон Набил Фекир од Лион, чиј трансфер може да биде комплетиран за 30 милиони евра.

-Конте потвтди дека Иван Перишиќ не се вклопува во неговите планови за следната сезона, па Хрватот и официјално ќе биде ставен на трансфер листа.

-БОМБА: Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 70 милиони фунти за Николас Пепе од Лил. Солскјер смета дека ќе биде идеална замена за Лукаку (ОВДЕ).

-Пеп Гвардиола изјави дека Сане треба самиот да одлучи дали сака да остане или да ја прифати понудата од Баерн Минхен.

-Потврдено: Најдобриот фудбалер на Африканскиот Куп на нации, Исмаил Бенасер го договори трансферот во Милан за 16 милиони евра (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …