Дома Трансфер зона Потврдено: Во Милан пристигнува најдобриот играч од КАН

Потврдено: Во Милан пристигнува најдобриот играч од КАН

Младиот Алжирец Исмаел Бенасер е прогласен за најдобари грач на овогодинешниот Афрички куп на Нации.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бенасер има 21 година и наскоро треба да потпише за Милан откако одигра две сезони во Емполи.

Спортскиот директор на Емполи го потврди трансферот, а Милан за потписот на Бенасер ќе плати 16 милиони евра.

„Милан добива големо засилување. Бенасер ќе биде обожуван на Сан Сиро, бидејќи е вистински војник на теренот. По борбеноста потсетува на Гатузо, но технички е фантастичен. Трансферот е веќе договорен“, потврдија од Емполи.

Бенасер ќе потпише 5-годишен договор со Милан според кој ќе заработува 1,6 милиони евра по сезона, а се очекува следната недела да пристигне на прегледи во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…