Дома Топ вести Елмас го напушти тренинг центарот на Фенер, доаѓа во Италија на прегледи (фото)

Елмас го напушти тренинг центарот на Фенер, доаѓа во Италија на прегледи (фото)

Елиф Елмас е пред трансфер во Наполи и во следните денови се чека трансферот да биде комплетиран.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио денес објави нови детали за трансферот на македонскиот бисер. Наполи за услугите на Елмас ќе плати 16 милиони евра плус 2 милиони како бонуси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во овие моменти се комплетираше трансферот на Марко Рог во Каљари за 16 милиони евра, а тоа значи дека се е подготвено за пристигнување на Елмас во Неапол.

Македонскиот репрезентативец денес го напушти тренинг кампот на Фенербахче и се очекува најдоцна утре да пристигне во Италија на лекарски прегледи.

Елмас со таа сума од 18 милиони евра ќе стане најскапиот македонски фудбалер, но таа сума нема да биде рекордна само за нашите фудбалери туку и за Фенербахче. Имено, тој ќе стане најскапо продадениот фудбалер на Фенербахче и ќе го срупи рекордот на Муса Со од 2012 година кога направи трансфер во Ал Ахли за 16 милиони евра.

Кога во прашање се личните услови Елмас во Неапол ќе заработува 1.5 милион евра годишно и ќе потпише договор на пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…