Екипата на Ливерпул ова лето заврши добра работа кога се во прашања засилувањата во средниот ред.
Во клубот пристигнаа Наби Кеита и Фабињо, но средниот ред на Црвените во наредната сезона би можел да биде уште посилен за уште едно име.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Менаџерот на тимот од Енфилд, Јирген Клоп со задоволство во својот тим би го гледал и полскиот фудбалер Грегорш Криковјак, фудбалер на ПСЖ.
Германецот верува дека овој 28-годишен фудбалер иста така може да помогне на неговиот тим и ќе се обиде да го доведе до крајот на летниот преоден рок.
ПСЖ нема да смета на него за следната сезона. Претходната сезона ја помина на позајмица во ВБА, каде одигра добра сезона, со што го привлече вниманието на поголемите клубови.
ПСЖ поради финансискиот фер плеј е принуден да продаде неколку фудбалери, а лесно може да се случи Криковјак да биде еден од нив.
Ќе видиме дали полскиот фудбалер ќе заврши на Енфилд бидејќи на маса има уште неколку понуди, а интерес за неговите услуги најмногу покажува московска Локомотива.
Овој фудбалер професионалната кариера ја започна во Бордо, а играше уште за Рен, Нант и Севиља.