Иако тренерот на Баерн ја отфрли можноста тој да замине, се појавија нови информации.
Според пишувањето на француските медиум, Пари Сен Жермен е заинтересириан за стоперот на Баерн Минхен, Жером Боатенг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германскиот репрезентативец кон крајот на минатата сезона изјави дека е спремен за нови предизвици, но неодамна новиот стратег на Баерн Минхен, Нико Ковач, потенцираше дека ќе направи се за тој да остане во клубот.
Сепак, ПСЖ не се откажува и според последните информации испратиле понуда за 29 годишниот стопер.
Боатенг на Мундијалот се вклопи во сивилото на Германија, заработи и црвен картон во натпреварот против Шведска, а се уште актуелниот шампион како што е познато натпреварувањето го заврши во групната фаза.
Неспорно е дека Боатенг се уште е спаѓа помеѓу најдобрите стопери во светот, а неговата вредност на трансфер пазарот се проценува на 60 милиони евра. Засега нема информации колку би изнесувала првата понуда од Париз.
[Info Paris U] Le #PSG a fait une offre à #Boateng.https://t.co/qktYlGrC1E pic.twitter.com/074TRUO3uU
— Paris United (@parisunited6) July 3, 2018