Дома Фудбал Ибрахимовиќ со јасна порака до Кејн: Треба да си заминеш од Тотенхем

Ибрахимовиќ со јасна порака до Кејн: Треба да си заминеш од Тотенхем

Златан Ибрахимовиќ се огласи во јавноста, сега тој имаше порака за Хари Кејн за кого верува дека треба да го напушти Кејн.

Ибра го советува Кејн да си замине од Тотенхем доколку сака да почуствува како е да се освојуваат титули.

„Кога играв во Премиер лигата забележав дека е одличен играч. Сепак, со сета почит кон квалитетите на Тотенхем, но мислам дека играњето во голем клуб е поинакво“.

„Ако сака да успее мора да си замина во клуб кој се бори за сите трофеи. Луѓето ве паметат по она што сте го овоиле. Тотенхем има одличен тим, но не се на такво ниво да се борат и да освојуваат трофеи“, изјави Ибрахимовиќ.

Ќе потсетиме Кејн веќе неколку преодни рокови наназад се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…