Дома Топ вести ПАДНА ДОГОВОР: Пијатек е „росонер“ – нема позајмица, Милан плаќа веднаш!

ПАДНА ДОГОВОР: Пијатек е „росонер“ – нема позајмица, Милан плаќа веднаш!

Преговорите кои се одвиваа неколку дена конечно го добија својот епилог – Криштоф Пијатек утре пристигнува на прегледи во Милано!

Цела Италија веќе неколку дена наназад со нетрпение ја чекаше оваа вест.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пијатек и Милан од поодамна беа договорени, преостануваше само да се постигне договор помеѓу клубовите сега и тоа се случи.

Горе-долу се беше претходно договор, но се преговараше за тоа дали други играчи ќе бидат вклучени во трансферот. Конкретно се работеше за Ален Халиловиќ и Бертолачи.

На крајот постигнат е следниот договор: Пијатек преминува во Милан за сума од 35 милиони евра и во зделката нема да биде вклучен ниту еден друг играч. Освен тоа нема да биде позајмица со право на откуп, туку „росонерите“ веднаш ќе ја исплатат целата сума.

Полскиот напаѓач утре пристигнува на прегледи во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Андре Виљаш-Боаш стана претседател – симна од тронот човек кој владееше 42 години!

Екипата на Порто во саботата доцна навечер доби нов претседател и тоа ќе биде Андре Вилаш …