Дома Трансфер зона Додека се чека Пијатек, Милан договори нов голем трансфер!

Додека се чека Пијатек, Милан договори нов голем трансфер!

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за крилниот напаѓач на Бриж, Арно Греневелд, но последните информации се дека тој е многу поблиску до трансфер во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Греневелд игра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Бриж веќе одби една понуда од 10 милиони евра од страна на италијански Милан.

Меѓутоа, „росонерите“ не се откажуваат од Холанѓанецот и испратиле нова понуда од 15 милиони евра, па „Газета дело Спорт“ тврди дека трансферот е пред реализација.

Двата клуба се блиску до договор, но се уште не е јасно дали Греневелд ќе се пресели на „Сан Сиро“ веднаш, или ќе остане на позајмица во Бриж до крајот на сезоната.

21-годишниот крилен напаѓач се пресели во Бриж од НЕЦ Нимеген за 1 милион евра минатото лето, а до овој момент одигра 15 меча на кои постигна 5 гола и запиша 4 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…