Во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска загина 16-годишниот Зоран Јакиќ, фудбалер на нисколигашот Мрачај од Руновиќ.
Веста за смртта на младиот фудбалер ја потврди и неговиот клуб Мрачај преку социјалните мрежи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До трагедијата дошло кога возилото излетало од коловозот, а во несреќата се повредени уште четири лица.
Починатиот фудбалер седел на задното седиште на автомобилот, а како што пишуваат медиумите во Хрватска, сите повредени се малолетни, а малолетно лице го возело автомобилот од марката голф.
Мрачај Руновиќ е клуб кој во Хрватска важи за расадник на големи таленти, па првите чекори таму ги направиле фудбалери како Звонимир Бобан, Иван Буљан, Иван Гудељ.