Дома Трансфер зона ТОЈ МОРА ДА ОДИ: Меси на Валверде му ја посочи најслабата карика

ТОЈ МОРА ДА ОДИ: Меси на Валверде му ја посочи најслабата карика

Ова лето Барселона ја искористи можноста и од Евертон го врати „своето дете“ на „Камп Ноу“, но Делуфеу не воодушевува по враќањето во Барселона.

Делуфеу доби шанса во дербито со Валенсија, но пружи поприлично бледа партија каква што не се очекува од некој кој го носи дресот на каталонскиот гигант.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Потоа крилниот напаѓач не беше ни во протоколот за мечот со Селта, а шпанските медуми тврдат дека ја знаат вистинската причина за тоа. Тие пренесуваат дека Лео Меси имал разговор со Валверде и му пренел дека мислењето на повеќето фудбалери е дека токму Делуфеу е најслабата карика во тимот.

Кога Осман Дембеле ќе се опорави многу е веројатно дека Делуфеу комплетно ќе биде исфрлен од тимот и прашање е дали ќе остане на „Камп Ноу“.

И порано се пишуваше дека односите помеѓу Меси и Делуфеу не се добри, па многу е веројатно дека на шпанскиот репрезентативец во зимскиот преоден рок ќе му биде покажана излезната врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…