Англиските и италијанските медиуми пренесуваат дека најголемата трансфер желба на Жозе Мурињо следното лето ќе биде Сергеј Милинковиќ- Савиќ од Лацио.
Мајкл Карик ќе се пензионира, Фелаини заминува, а иднината на Погба и Ерера е несигурна, па Манчестер Јунајтед има потреба од барем еден квалитетен играч за врска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милиниковиќ – Савиќ просто „експлодираше“ во последните две сезони и се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во Европа, па за него силен инетрес покажуваат неколку европски гиганти.
Англиските медиуми пренесуваат дека Мурињо спремил понуда од 80 милиони евра и сака што побрзо да го комплетира трансферот и да ја победи конкуренцијата.
Сепак, прашање е дали Лацио ќе се согласи да го пушти за оваа сума, бидејќи за Милинковиќ-Савиќ се силно заинтересирани уште Реал Мадрид и Јувентус.
„Специјалниот“ е спремен да направи се за да ја добие битката за потписот на Србинот, бидејќи смета дека би бил иделано засилување за неговиот тим.