Иако помина одреден период од лудата завршница на Формула 1 во Абу Даби и понатаму има реакции и коментари на драмата која заврши со среќен крај за Макс Верстапен.
Верстапен беше во изгубена позиција и изгледаше дека Хамилтон ќе дојде до својата осма титула, меѓутоа после инцидентот на Николас Латифи и влегувањето на безбедносното возило на патеката ситуацијата се промени. Верстапен доби можност да биде веднаш зад Хамилтон и го искористи тоа што имаше нови гуми.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Од таборот на Мерцедес испратија и жалба која потоа беше повлечена, но незадоволството во нивните редови и понатаму го има. Тото Волф сега со својот последен коментар ја спореди ситуацијата во Абу Дбаи со голот со рака на Марадона.
„Тоа што се случи во Абу Даби е исто како Божјата рака на Марадона“, искоментира Тото.