Дома Фудбал Италија Тоти потврди: Во недела се простува од Рома!

Тоти потврди: Во недела се простува од Рома!

Легендарниот Франческо Тоти потврди дека во недела последен пат ќе го носи дресот на Рома и ќе стави крај на својата играчка кариера.

Тоти има 40 години, а целата своја кариера ја мина во редовите на „волчицата“, па од следната сезона дресот ќе го замени со одело и ќе биде функционер во клубот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Не постојат зборови со кои би опишал што значат овие бои за мене. Љубовта која ја чувствувам кон клубот никогаш нема да заврши. Тоа е страст, моја страст. Толку е длабока што не можам да престанам да ја хранам. Од понеделник ќе бидам подготвен за нови предизвици“, изјави Тоти.

„Принцот на Рим“ за првиот тим на Рома дебитирал во 1992 година, а за 25 сезони одигра 785 натпревари и постигна 307 голови.

Со Рома еднаш ја освоил Серија А (2001), а има и два трофеи, во Купот и во Суперкупот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најцрниот месец во кариерата на Гвардиола: Вакво нешто никогаш не му се случило!

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити го доживуваат најтешкиот период во нивната заедничка сорабо…