Тотенхем имал неуспешен обид да го привлече напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.
24-годишниот фудбалер одигра прилично просечна сезона и го загуби местото во стартниот тим на „црвените ѓаволи“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа неговата иднина на „Олд Трафорд“ е неизвесна и се погласно се шпекулира дека може да го напушти клубот ова лето.
Тотенхем се обидел да ја искористи ситуацијата, но безуспешно, откри агентот Роберто Де Фанти
„Се чини дека имаше разговори помеѓу претставниците на играчот и раководството на Тотенхем. Лондончани се обидоа да постигнат договор за Рашфорд, но во моментов тоа се покажа невозможно, така што овој трансфер повеќе не е опција“, изјави Де Фанти.
Интерес заРашфорд има и од клубови од Шпанија и Италија, но агентот смета дека поверојатно е да остане на „Олд Трафорд“ поради неговата висока цена.