Голема е можноста Тотенхем во летниот преоден рок да остане без својата наголема ѕвезда, Хари Кејн.
Напаѓачот го извести раководството дека сака да ја промени средината и да игра во клуб каде ќе може да се бори за престижни трофеи, а Манчестер Сити веќе спреми богата понуда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем ја започнал потрагата по негова замена, а прва желба е напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди.
Икарди го загуби местото во стартниот тим и е спремен да ја промени средината, а спортскиот директор Паратичи стапил во контакт со неговиот агент.
ПСЖ за слободата на Икарди бара 50 милиони евра, сума која Тотенхем е спремен да ја плати доколку го продаде Хари Кејн.