Дома Останати Кошарка НБА Торонто на чекор од титула во НБА! (ВИДЕО)

Торонто на чекор од титула во НБА! (ВИДЕО)

0

Toронто Рапторс втор пат во финалната серија славеа во „Оракл Арената“ и поведоа со 3:1 против актуелниот шампион Голден Стејт.

Рапторси предводени од одличниот Леонард во четвртиот натпревар славеа со 105:92 против Вориорсите кои повторно беа Кевин Дурант. Клеј Томпсон и Кевон Лонеј се вратија на паркетот после повредите, но не успеаа да помогнат на својот тим.

Натпреварот за Вориорсите започна одлично. Доамќините подобро го отворија натпреварот и стигнаа до +11 што беше најголема предност која ја имаа во четвртиот натпревар од серијата.

Ја чуваа Вориорсите предноста и во втората четвртина па на паузата се замина со предност за Голден Стејт од 46:42. Рапторси на отварањето на третата четвртина направија серија од 5:0 и за прв пат во овој натпревар стигнаа во водство.

Потоа следуваше фуриозна трета четвртина која го одлучи натпреварот. Овој период гостите го добија со 37:21 и во последната четвртина влегоа со големи +12.
Вориорсите не успаа да се вратат во последните 12 минути и Рапторси го приведоа натпреварот кон крајот.

Серијата сега се враќа во Торонто, а Рапторси во понеделник наутро (03:00 часот по наше време) ќе имаат прилика пред своите навивачи да стигнат до титулата НБА шампиони. Сепак, Вориорсите никој не смее да ги отпише.

До победата во овој натпревар ги предводеше Леонард со 36 поени и 12 скокови. Серж Ибака додаде 20 поени, а Паскал Сиакам еден помалку.

Кај Вориорсите Клеј Томпсон имаше одлична шутерска вечер и уфрли 28 поени. Стеф Кари додаде поен помалку, но со многу лош процент на шут во однос на Томпсон. Драјмонд Грин натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 10 поени и 12 скокови.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ливерпул бил спремен да го пушти, но Салах кажа НЕ на две мега понуди

Најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах одбил две мега понуди за трансфер ова лето о…