Дома Трансфер зона Тони побарал трансфер, сака само во еден клуб – Брентфорд ја одреди цената

Тони побарал трансфер, сака само во еден клуб – Брентфорд ја одреди цената

Напаѓачот на Брентфорд Ајван Тони побара од неговиот Брентфорд да го пушти во Манчестер Јунајтед.

Не е познато дали Тони се договорил со Јунајтед, посебно што Џошуа Зиркзе пристигнува на „Олд Трафорд“, а тука е и Данецот, Расумс Хојлнд, но познато е дека и претходно се поврзуваше со „црвените ѓаволи“.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Тони е во последната година од договорот, Брентфорд нема многу избор освен да преговара за негова продажба ова лето, а цената сега е на попуст – 50 милиони евра.

Минатото лето Брентфорд можеше да бара 80 милиони евра, но тогаш дојде суспензијата од осум месеци и така се стопираа и најавите за негов трансфер. Сега е член на репрезентацијата, чека вистинска понуда и негова желба е да се пресели во Јунајтед.

Се шпекулираше за негова понуда од Тотенхем, но очигледно не дојде до конкретни понуди и преговори. Фудбалер на Брентфорд, Тони е четири години и е најзаслужен што овој тим се пласираше во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 60 милиони за Кунде

Англискиот гигант Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски реп…