Дома Македонски спорт Томе Китановски се пресели во тимот на Илчо Наумовски

Томе Китановски се пресели во тимот на Илчо Наумовски

Македонскиот фудбалер Томе Китановски направи трансфер во Австрија во редовите на Мауерверк каде што работи и екс-македонскиот репрезентативец, Илчо Наумовски.

Китановски во австрискиот тим пристигнува од Слобода Ужице каде што се задржа неколку месеци откако пристигна минатото лето. Китановски во кариерата беше дел уште од Пелистер, Струга, Шкупи, Македонија Ѓорче Петров…

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во овој момент Мауерверк се бори за опстанок во регионалната лига и 31-годишниот десен бек се очекува да биде сериозно засилување во продолжение од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…