По само 14 натпревари и три постигнати гола во Саудиска Арабија за Ал-Ахли, Роберто Фирмино наводно размислува за враќање во Европа.
Имено, италијанските медиуми денес објавија дека екс-напаѓачот на Ливерпул би можел да го засили Милан во јануарскиот преоден рок. Милан покажал сериозен интерес и веќе влегол во преговори да го доведе во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фирмино изненади минатото лето со одлуката да го напушти Ливерпул и да оди во Саудиска Арабија, а сега би можел одново да се врати во европскиот фудбал.
Најдобрите денови во кариерата Фирмино ги помина во Ливерпул каде што играше од 2015 година. За „црвените“ настапи на 352 натпревари и постигна 107 гола на 78 натпревари. Пред четири години стана европски шампион, а пред три години ја освои Премиер лигата.