Дома Фудбал Тоа се вика љубов: Иниеста одби 35 милиони од Кина!

Тоа се вика љубов: Иниеста одби 35 милиони од Кина!

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста, кој сеуште го нема продолжено договорот со каталонскиот клуб, одбил две богати понуди од кинеската Суперлига.

Според извори блиски до каталонскиот клуб една понуда изнесувале неверојатни 35 милиони евра по сезона, и тоа со платени даноци.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Кинезите дале се од себе за да го привлечат легендарниот плејмејкер, а една од бенефициите која му ја понудил клубот е Иниеста да не мора да игра на гостински натпревари.

Договорот на Иниеста со Барселона истекува во 2018 година, а каталонскиот гигант е упорен во намерата е упорен да го задржи во своите редови, па двете страни моментално преговараат за продолжувње на соработката.

Челниците се спремни да му понудат на 33-годишниот плејмејкер договор на уште две сезони, но мораат во предвид да го имаат финансискиот аспект, бидејќи клубот припрема нов договор за Меси според кој Аргентинецот ќе заработува 35 милиони евра по сезона.

До скоро се веруваше дека е невозможно Иниеста да ја заврши кариерата во друг клуб освен Барселона, но имајќи го во предвид преседанот со Чави кој кариерата ја продолжи во Катар, сепак се е можно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“ од Островот: Чави се враќа на тренерската работа и тоа во – Премиер лигата?!

Според островскиот „Дејли Мејл“, Чави Ернандез е новиот фаворит за клупата на Манчестер Ју…