Дома Фудбал Тимот на Барди вчера се радуваше на еден од најсмешните голови оваа сезона (ВИДЕО)

Тимот на Барди вчера се радуваше на еден од најсмешните голови оваа сезона (ВИДЕО)

Кога голманот ќе направи кикс тој многу често се плаќа со гол, а голманот на Бетис и трет голман на репрезентацијата на Шпанија, Пау Лопез вчера прими еден смешен гол во натпреварот против Леванте.

Киксот е толку комичен што би можел да го натера селекторот Луис Енерике да ја преиспита својата одлука Пау Лопез да биде трет голман.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Леванте го декласираше Бетис со 4:0, но вториот гол Лопез го прими така што топката после изведениот корнер го удри во глава и заврши во мрежата. Ќе потсетиме за Леванте настапува нашиот репрезентативец Енис Барди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико сака да ја продолжи соработката со Симеоне

Раководството на Атлетико Мадрид размислува за можноста за продолжување на соработката со …