Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Тиаго Силва го нападна Пикси: Покажа непочитување кон нас

Тиаго Силва го нападна Пикси: Покажа непочитување кон нас

Капитенот на бразилската репрезентација, Тиаго Силав го критикуваше српскиот селектор, Драган Стојковиќ-Пикси.

Бразил синоќа ја победи Србија со 2:0, а Тиаго Силва се почувствувал навреден од коментарите на Пикси дека Бразилците се моќни само во нападот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Слушнав дека нивниот селектор пред мечот изјавил дека Беазил има бројни одлични напаѓачи, но нема врвни играчи во одбраната. Тоа е недостиг на почит кон нашата историја, не само кон мене лично, туку кон сите соиграчи. Не бараме никој да се плаши од нас. Но, респект треба да има. Да го анализирате нашиот тим, ќе видите дека примивме многу малку голови, без разлика дали игравме со тројца или четворица во последната линија“, изјави Тиаго Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Четворица фудбалери на Македонија отпаднаа од дуелот со Данска

Македонија вечерва од 20.45 часот ќе се соочи против Данска во Копенхаген, а селекторот Го…