Дома Фудбал Англија Тери не е дел од Челзи, но не го заборави својот поранешен шеф (фото)

Тери не е дел од Челзи, но не го заборави својот поранешен шеф (фото)

Претходната сезона не ја помина во Челзи, но денес не заборави јавно да му се заблагодари на Антонио Конте за се што направија заедно.

Веста која се чекаше веќе некое време денес беше и потврдена, Антонио Конте го заврши својот мандат во Челзи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Италијанецот го напушта Челзи после две сезона и со два освоени трофеи, а малкумина се оние на „Стенфорд Бриџ“ кои чуствуваат тага што Конте заминува.

Во моментите кога навивачите со нетрпение чекаа да му го видат грбот, а тоа слободно може да се каже и за дел од играчкиот кадар, поранешниот капитен Џон Тери покажа дека го почитува она што Конте го направи во Челзи.

„Ти благодарам шефе. Голем човек, голем тренер. Ти посакувам многу успех во иднината“, напиша Тери со фотографија на која се наоѓа заедно си италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Куртоа ги „пецна“ наоаѓачите на Реал по елиминацијата од Арсенал: Го немавме Хозелу!

Голманот на Реал, Тибо Куртоа, ја критикуваше играта на своите соиграчи откако актуелните …