Tренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг утре би можел да добие отказ на „Олд Трафорд“, пренесуваат британските медиуми.
Имено, холандскиот стратег добил ултиматум од управата на клубот или да победи против Ливерпул на „Енфилд“ или ќе добие отказ. Во ситуација каква што е Јунајтед тешко е да се верува дека можат да го изненадат големиот ривал, посебно ако се има предвид дека на „Енфилд“, Јунајтед нема победа од 2018 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Освен што не победиле Јунајтед има и гол-разлика 13:0, еден натпревар заврши 0:0. Тен Хаг од поодамна ги загуби симпатиите кај навивачите, меѓутоа прашање е каква замена во овој момент може да најде клубот.
На Островот се шпекулираше дека луѓето во Јунајтед започнале преговори со поранешниот менаџер на Челзи, Грем Потер.