Манчестер Јунајтед во јануари повторно ќе тргне по холандскиот крилен фудбалер Коди Гакпо, пренесуваат англиските медиуми.




Тен Хаг значително го засили нападот со доаѓањето на Антони, но не се откажува од идејата да го донесе Гакпо на „Олд Трафорд“.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
22-годишната ѕвезда на ПСВ одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Јунајтед не успеа да го донесе во летниот преоден рок.




Гакпо е еден од најголемите таленти во Холандија во овој момент. Минатата сезона постигна 16 гола и 14 асистенции, па експертите му предвидуваат блескава иднина.




Англиските медиуми пренесоа дека Тен Хаг ќе има буџет од 100 милиони евра за зимски засилувања, а Гакпо е на врвот на листата желби.