Дома Фудбал Останато Тензично е пред судот во Атина: Навивачи на АЕК ги дочекаа Хрватите

Тензично е пред судот во Атина: Навивачи на АЕК ги дочекаа Хрватите

Не и е лесно на грчката полиција во овие денови која прави се за да не дозволи нови судири помеѓу хулиганите. Инцидентот во понеделеникот во кој загина 29-годишниот фан на АЕК, Михалис Кацурис донесе тензична атмосфера која можеше да се забележи и денес.

Денес започна испитувањето на приведените навивачи, а пред судот во Атина хрватските навивачи беа дочекани од фанови на АЕК кои сакаа одмазда. Сепак, полицискиот кордон не дозволи судир помеѓу двете групи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ќе се испитуваат 105 навивачи, а најголем дел од нив се Хрвати, иако има и Грци, но и еден Албанец кој е помеѓу потесниот круг осомничени за убиството. Како главни осомничени за убиството на Кацурис се уште еден Хрват и тројца Грци, засега не може да се потврди кој го сторил делото.

Ситуацијата пред судот денес беше тензична, останува да видиме што ќе се случува во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…