Дома Трансфер зона Талентот на Челзи на чекор од трансфер во Леверкузен

Талентот на Челзи на чекор од трансфер во Леверкузен

Талентот на Челзи, Калум Хадсон-Одои е многу блиску до трансфер во Баер Леверкузен, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ходсон-Одои не добива доволно минутажа кај Тухел, па и самиот побара трансфер во клуб каде ќе може да игра повеќе.

Челзи се согласи да го пушти на едногодишна позајмица, а неколку клубови го сакаа крилниот напаѓач во своите редови.

21-годишниот Англичанец го избра Баер Леверкузе, каде ќе се пресели на едногодишна позајмица, без право на откуп.

Во Челзи се уште веруваат дека со настапи во континуитет Одои може да ја врати вистинската форма, па затоа ќе го испратат на позајмица.

Само за потсетување пред една година и половина Баерн Минхен силно го посакуваше Одои и беше спремен да плати 70 милиони евра, но Челзи ја одби понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…