Дома Топ вести Така е тоа во Реал – Се „колнеа“ во него, а сега веќе му спремија замена!?

Така е тоа во Реал – Се „колнеа“ во него, а сега веќе му спремија замена!?

Тешко е да се биде тренер на Реал Мадрид, а на своја „кожа“ тоа го почустува и Зинедин Зидан…

Ниту легендарниот француски фудбалер, а сега тренер на „кралевите“ нема да биде поштеден. На кратко, него може да му се случи она што пред него ги снајде Анчелоти, Мурињо, Пелегрини...


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Иако Флорентино Перез се „колне“ во Зидан, наводно веќе спремил негова замена во случај Реал да не освои трофеј во тековната сезона.

Зидан има договор до крајот на сезоната, се зборуваше за продолжување на истиот, но лошиот старт во Примера го одложи  . Иначе, Французинот требаше да потпише договор до 2021 година и да добие скоро двојно зголемување на неговите примања.

Сепак и самиот Зидан знае и истакна неодамна дека новиот договор не значи ништо доколку клубот не постигнува резултати.

Наводно, Перез е спремен да го доведе Јоаким Лев, ова е стара идеја на долгогодишниот претседател на Реал Мадрид. Лев го освои Мундијалот со Германија и ќе ја брани титулата во Русија, но потоа би можел да се повлече и кормилото да му го препушти на Нагелсман, младиот тренер на Хофенхајм за кого интерес покажа и Баерн.

Од друга страна Зидан има повик од селекцијата на Франција да седне на селекторското место откако ќе истече договорот на Дешам, а тоа е идното лето. Но, одредени медиуми во Шпанија пренесуваат дека Зидан би сакал да го почека расплетот во Јувентус и дека токму „старата дама“ би можела да биде негова наредна дестинација. Клубот од каде што како фудбалер своевремено го направи најскапиот трансфер преминувајќи во Реал Мадрид.

За крај да се потсетиме на познатата изјава на Анчелоти.

„Во клуб каков што е Реал Мадрид, не можете да преживеете без трофеи“, констатираше во една прилика Карло Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…