Дома Фудбал Германија Тажна вест: Почина големата легенда на германскиот фудбал

Тажна вест: Почина големата легенда на германскиот фудбал

Славниот германски фудбалер Бернд Холценбајн, светскиот шампион со Западна Германија во 1974 година, почина во понеделникот вечерта на 78-годишна возраст, објави неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт.

Холценбејн почина по долго боледување, но конкретните детали не се соопштуваат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На патот кон втората „божица“ во историјата на германскиот фудбал, Холценбајн беше еден од главните играчи во тимот.

За репрезентацијата на Западна Германија одигра вкупно 40 натпревари и постигна пет гола.

Поголемиот дел од својата клупска кариера, од 1967 до 1981 година, го помина во Ајтрахт.

За клубот од Франкфурт постигна 160 гола на 420 натпревари во Бундеслигата, освојувајќи три Купа на Германија и Купот на УЕФА во 1980 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…