Дома Фудбал Нереди пред финалето во Лигата на Европа

Нереди пред финалето во Лигата на Европа

Шпанската полиција приведе петмина германски навивачи поради нереди пред вечерашното финале во Лигата на Европа помеѓу Ајнтрахт и Ренџерс.

Полицијата соопшти дека навивачите на Ајнтрахт се одведени во притвор поради пресметка со шкотските навивач и полицијата околу полноќ во центарот на Севиља. Тие фрлале цигли и столчиња од локалот и запалени бакљи кон навивачите на Ренџерс и полицијата. Засега не е познато дали има потешко повредени.

Повеќе од 5.000 полицајци и редари ќе бидат на должност за вечерашното финале затоа што се очекува голем број фанови и на двата клуба. Влезниците за финалето на „Санчез Писхуан“ се распродадени, а се игра во терминот од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повеќе дербија, помалку драма: Што загуби Лигата на шампионите?

Со 144 натпревари за елиминација на само 12 клуба, новиот формат отвора прашање: дали пове…