Дома Останати Тенис Тажна вест од Австралија Опен: Почина познат новинар

Тажна вест од Австралија Опен: Почина познат новинар

Британскиот новинар Мајк Диксон (59) почина во Мелбурн каде што го следеше Австралија Опен.

Диксон на 27-ми јануари требаше да го прослави 60-тиот роденден. Како новинар на „Дејли Мејл“ работеше од 1990 година. На почетокот следеше крикет, а подоцна се специјализираше за тенис.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сопругата на на Диксон се огласи преку социјалните мрежи испраќајќи емотивна порака.

„Уништени сме што нашиот прекрасен сопруг и татко, Мајк изгуби свест и почина додека беше во Мелбурн на Австралија Опен. Го живееше својот сон 38 години покривајќи го спортот ширум светот. Беше навистина голем човек кој многу ќе ни недостасува“.

По неговата смрт од него се простија и едни од најголемите ѕвезди во тенисот како Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, но и уште многу други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Идол ми е Новак Ѓоковиќ, сакам да освојам многу Гренд слемови“: На само 17 години тенисер сонува да биде најдобар во свет

Францускиот малолетен тенисер Моисе Куаме направи вистинска сензација по првото коло на ту…