Дома Видео Сцената со Габигол и расплаканото момче го обиколи светот (ВИДЕО)

Сцената со Габигол и расплаканото момче го обиколи светот (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Јужна Америка успешно ја започна одбраната на титулата.

Тимот од Рио Де Женеиро како гостин славеше во натпреварот против колумбискиот Жуниор со 2:1, а после натпреварот во центарот на вниманието се најде бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса – Габигол.

На теренот после последниот судиски свиреж се појави момче кое го сакаше дресот од напаѓачот. Полицијата реагираше и се обиде да го запре во намерата да дојде до фудбалерот на Фламенго. Тогаш реагираше Габигол кој го заштити момчето од обезбедувањето и не дозволи да го исфрлат на сила. Тој му го подари дресот, а потоа и копачките. Момчето од среќа заплака при излегувањето од теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Сиетл Саундерс во одлична форма пред дуелот со Њу Ингланд

Сиетл Саундерс се наоѓаат во одлична форма со осум натпревари без пораз, пред важниот дуел…