Дома Фудбал Италија Супер дерби во Серија А: Јувентус водеше 0:2, Милан победи 4:2! (ВИДЕО)

Супер дерби во Серија А: Јувентус водеше 0:2, Милан победи 4:2! (ВИДЕО)

Вечерва гледамве одлично дерби во Милано помеѓу Милан и Јувентус, поточно одлично второ полувреме.

Откако во првите 45 минути не видовме погодоци во второто следуваше вистинска лудница. На самиот старт од второто полувреме во 47. минута Рабио изведе страшен соло продор во стилот на Меси и го отвори резултатот. Четири минути подоцна Роналдо зголемува на 0:2.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во тие моменти изгледаше како Јувентус сигуро да чекори кон победата и трите бода со кои ќе беше на +10 во однос на Лацио. Но, Милан токму тогаш се разбуди и почна да игра многу подобро.

Во период од само пет минути од 62. до 67. минута Милан постигнува неверојатни три гола и прави целосен пресврт. Прво Ибрахимовиќ од пенал намали на 1:2, а потоа погодуваа Кеси и Леао.

Конечните 4:2 ги постигна Ребиќ после една голема грешка на Алекс Сандро.

Со оваа победа Милан дојде до петтата позција со еден бод повеќе од Рома и Наполи кои имаат натпревар помалку. Од друга страна Јувентус поради поразот на Лацио од Лече и после ова кола ќе има големи +7 на врвот на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …